Контакт

Адреса:
Скопје
1000
Македонија
Е-пошта:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Телефон:
+38970 243 867 ; +38975 447 777

Останати информации

Останати информации:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


 За Нас

  Веб платформата mkdinfodiaspora.mk е креирана од Центарот за информативна поддршка НОВ КОНТАКТ - Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика Мобилитас. Цивика мобилитас / Civica Mobilitas е проект на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU). Веб платформата ќе обезбеди можност и простор за презентација на активности и промоција на проекти на граѓанските организации, институции и поединци од Република Македонија, но и на организациите и поединци од дијаспората во светот, како и размена на информации на темите: најнови вести, корисни линкови, настани од граѓанскиот сектор, анализи, коментари и трудови, размена на искуства од традиционалните кујни на различните народи во светот, македонските национални малцинства во соседните држави, иселениците во светот како и теми поврзани со миграциите, со основна цел навремено информирање и зајакнување на врската помеѓу македонската дијаспора и Република Македонија. Порталот ќе ја следи активноста на државните институции кои имаат надлежност по прашањата со дијаспората и ќе информира за нивните активности.

Веб порталот mkdinfodiaspora.mk преставува МОСТ за соработка помеѓу граѓанските организации од Македонија и организациите од дијаспората.

“Центар за информативна поддршка - НОВ КОНТАКТ” – Македонија, е невладина, непартиска и непрофитна организација основана согласно Законот за Здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија, со акт за основање од 15.06.2007 год. во Централен Регистар на Република Македонија, која преку своите програмски цели согласно Статутот, презема низа активности во интерес на развојот на информирано граѓанското опшество, како и зајакнување на врската со македонските иселеници во странство и странските лица во Република Македонија.

Преку своите активности здружението придонесува за промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни манифестации во земјата и во странство со цел унапредување на комуникацијата и соработката со македонската дијаспора во светот, како и презентирање на македонските национални, традиционални и културни вредности. Исто така, има за цел да ја следи динамиката на миграциските процеси во земјата и во светот, а преку информативни активности кои покрај другото се во форма на организирани предавања од експерти и универзитетски професори на теми кои ќе допринесат за развојот на опшеството, информирање и решавање на проблемите кои се јавуваат при патувањата и престојот на граѓаните во земјата и во светот.  Здружението разработува проекти и со хуманитарна природа со единствена цел, давање на поддршка за подобрување на животните условите и условите за патување на стари лица, лица со посебни потреби, деца без родители и самохрани мајки.

Остварувањето на програмските цели на Центарот се во правец на воспоставување на контакти со сродни организации, институции и поединци во Македонија и македонската дијаспора во светот, како и соработка со државни институции, локална самоуправа и невладини организации од земјата и од светот. Стекнува средства од чланарина, прилози, донации, подароци и слично и со нив располага во согласност со ЗЗГФ. Може да добива средства и од донатори врз основа на претходно изготвени програми (проекти) од Здружението.

©2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај